
NeoShine Полири
Дизајнот ги има своите предности:
Компактниот дизајн на point (шилестиот) и flare (разширениот) облик на чашката овозможува лесен пристап до сите области на композитот, дури и до меките ткива. Нивната мала големина нуди ефикасен и економичен одговор за финиширање на сите класи на реставрации.
Врвно полирање е крајниот резултат:
Системот NeoShine е составен од едноставен систем во два чекора. Првиот чекор е дизајниран за финиширање на реставрациите и постигнување на сатенски сјај. Тој вклучува употреба на полир во облик на чашка или point (шилест). Вториот чекор е дизајниран да донесе висок лустер сјај, користејќи повторно избор на полир во облик на чашка или point (шилест). Користен во комбинација, системот за полирање помага да се постигне мазна површина како огледало.
- Полира до мазна завршница како огледало.
- Едноставниот систем за ИД на боја ви помага да го изберете вистинскиот полир за вистинската површина.
- Минијатурната големина ви овозможува темелно да ја полирате целата анатомија на забот.
Полирајте ја секоја површина:
Составен од два полири за употреба на Композит и сите Керамики. Едноставниот систем за ИД на боја на NeoShine ги организира полирите според материјалите и чекорите. Што е најважно, NeoShine постигнува мазен сјај како огледало.


NeoShine Дискови
Комплетен систем за полирање:
Имате потешкотии со полирање на предните заби ? Тенките NeoShine Дискови за еднократна употреба од еден пациент обезбедуваат флексибилност за полирање на кривините на предните површини. Проблемот е решен!
NeoShine Дисковите се достапни во четири гранулации (многу груба, груба, средна и фина) за лесно отстранување на неправилностите. Очекувајте мазен полир со висок сјај, на композит и порцелан. Со оглед на тоа што едната страна е абразивна, NeoShine Дисковите се способни и за интерпроксимално полирање (меѓу забите).
- Флексибилните дискови ви овозможуваат темелно да ја полирате целата анатомија на забот.
- Полираат до мазна завршница како огледало.
- Дисковите со една абразивна страна ви овозможуваат интерпроксимално полирање.
Достапни во две големини, 10 mm и 14 mm. Една големина по пакување од 100 дискови (25 парчиња по гранулација) со едно мантрело за повеќекратна употреба од нерѓосувачки челик (RA mandrel). Достапни се и пакувања за дополнување (refill) од 100 дискови по гранулација.