За NEODIAMOND:
Лансиран во 1989 година, NeoDiamond беше пионер на идејата за стоматолошки ротирачки инструменти за единечна употреба за еден пациент (SPU) и наскоро стана дијамантски борер за еднократна употреба, стерилен и број 1 во светот. Дизајниран и произведен со напредни технологии, NeoDiamond е премиум квалитетна ротирачка линија, со еднакви, а често и подобри перформанси во споредба со водечките дијаманти за повеќекратна употреба, која нуди побезбеден и поефикасен начин за стоматолозите да се грижат за своите пациенти.

Мото на MicroCopy ‘Единечна употреба за еден пациент’
Користењето нови дијаматски борери за секој пациент обезбедува брзо и прецизно сечење и е основа за безбедна и висококвалитетна стоматологија и грижа за пациентите.
- Овозможува чисто, брзо и прецизно сечење за првиот пат и секој нареден пат!
- Ги ослободува стоматолозите од чистење и одржување на користените дијамантски борери, заштедувајќи време за активности кои генерираат приход!
- Обезбедува побезбедна средина за пациентите со елиминирање на можна вкрстена контаминација.



Со Triton® Технологија на Поврзување
Напредната Triton технологија на поврзување ги прицврстува дијамантите на дршката со супериорна цврстина, изложувајќи 20% повеќе дијамантска површина за сечење од конкурентските бургии и обезбедувајќи до 60% изложеност на дијамантот, што ја продолжува долговечноста на бургијата.
- Обезбедува брз и агресивен рез.
- Овозможува јасно дефинирани маргини за идеално земање отпечаток и правилно поставување на реставрацијата.
Со XactFit® Дршка (Shank)
Швајцарските дршки на NeoDiamond се изработени со интегритет од термички обработен нерѓосувачки челик, одржувајќи ги најстрогите толеранции на дијаметарот на дршката во индустријата (дршка =
).- Го намалува абењето на насадникот (handpiece).
- Обезбедува прецизност на сечењето.
- Го намалува шетањето (walkout) и кршењето.
Стерилизиран
- Секој NeoDiamond е поединечно пакуван и стерилизиран.
- Помага да се елиминира ризикот од вкрстена контаминација.
- Ја зголемува безбедноста за пациентот и стоматолошкиот персонал.
- Едноставен и лесен за употреба веднаш по отворањето на пакувањето.



IPR Стрипови
Брзо и лесно правење апроксимални прилагодувања
Интерпроксималната редукција (IPR) се однесува на малите, но суштински модификации потребни за да се обезбеди посакуван резултат. Меѓутоа, кога модификацијата е неефикасна или неточна, нешто толку мало како полирање на најмалото парче глеѓ може да доведе до големи проблеми. Токму затоа, користењето ефикасни и издржливи IPR инструменти и алатки може да ја направи разликата помеѓу успехот и неуспехот при апроксималните прилагодувања.
Имајќи го ова на ум, Microcopy ги нуди своите NeoDiamond Strips (дијамантски ленти). Овие минимално инвазивни ленти овозможуваат прецизно интерпроксимално:
- Редуцирање
- Контурирање
- Прилагодување
- Отворање на контактната точка
И со разновидноста на дизајни и гранулации, клиничарите можат да направат неопходни прилагодувања во низа процедури со апсолутна сигурност.

