Нов стандард за контрола на дентални аеросоли
Стоматолозите уште на самиот почеток од пандемијата беа прогласени за високо ризична професија, но стапката заболени од Covid-19 меѓу стоматолозите до денес е многу мала. Еве и зошто:
- Помалку од 1% на стоматолозите ширум земјава биле позитивни на Covid-19, што е далеку, далеку помалку од останатите здравствени работници.
- Безбедносните мерки и редовната дезинфекција на стоматолошките ординации ригорозно се спроведува со децении, многу пред пандемијата.
- Многу пред пандемијата, стоматолозите започнаа со безбедносни мерки против вирусите на хепатитис и HIV, така што носењето маска, заштитни очила, ракавици, како и ригорозното стерилизирање и дезинфицирање на опремата очигледно и тоа како даде свој придонес.
Иако сепак беа заболени релативно мал број стоматолози, финансискиот удар беше како и да е значаен и веројатно ќе продолжи и во 2021.
Според досегашните податоци, граѓаните во 2020 потрошиле 38% помалку за стоматолошки услуги во споредба со 2019 и се очекува пад од дополнителни 20% во 2021. Иако беше најавена вакцина, овој процес кај нас веројатно ќе се одолговлече сѐ до средината од 2021, а можеби и подоцна.
Менаџментот на дентални аеросоли и контролата на инфекции избија на прво место во стоматологијата. Како што расте загриженоста во врска со аеросолите и филтрација на воздухот, потребата за правилна контрола станува сѐ појасна.
Денталните аеросоли и инфекциите кои се пренесуваат преку воздух брутално ги загрозуваат животите и здравјето на стоматолозите и нивниот персонал уште од почетокот на стоматологијата пред речиси 9.000 години.
Оваа информација за повеќето стоматолози не е нова. Стоматологијата од секогаш била опасна професија, дури и многу пред новиот корона вирус. Патогените кои се пренесуваат преку крв од секогаш претставувале ризик за стоматолозите. HBV, HCV и посебно HIV се на врвот од листата потенцијални загрозувачи на животите. За среќа, стапката на заразност од овие патогени е многу ниска и има доволно безбедносни протоколи за да се минимизира можноста за инфекција преку кожата.
Заштитата од аеросоли и контаминанти кои се пренесуваат преку воздухот е друга приказна. Тажниот факт е дека многу професионални стоматолози не го земаа во предвид квалитетот на воздухот и неговото филтрирање пред COVID-19.
Денес е јасно дека аеросолите имаат примарна улога во здравјето на стоматолошките работници. Ризикот е толку голем што OSHA ги наведува стоматолозите како професија со “многу висок ризик” за изложеност на COVID-19.
Најмалите честички на аеросолите (од 0.5 до 10 микрони) имаат потенцијал да продрат и да се задржат во помалите дишни патишта длабоко во белите дробови и имаат најголем потенцијал за пренесување на инфекции. Аеросолите остануваат да лебдат во воздухот помеѓу 30 минути до 3 часа, зависно од големината на честичките – колку се помали, толку подолго.
Официјалните меѓународни препораки за заштита на работно место по ново бараат задолжително да се поседува:
- PAPR, односно респиратор за чистење воздух на струја и
- филтер со специјална високо-ефикасна моќ за сопирање честички (high-efficiency particulate arrestance – HEPA филтер)