Еднодневна обука со врвниот техничар Кристиан Петри!

Успешно завршената обука на 28 Јуни во Медика Ле-Ма Скопје со забниот техничар Кристиан Петри од Романија !

Оваа интензивна обука, водена од г-дин Петри, се фокусираше на современите дигитални техники за обработка на коронки и винири од литиум дисиликат на Аmber Mill и цирконија Zirtooth на HASSBio Кореа, со посебен акцент на минимизирање на отстранувањето на забната структура. Учесниците имаа можност практично да работат на различни случаи, вклучувајќи:

✅ No-prep винири (без претходна подготовка): Овој дел од обуката ја истакна можноста за естетски корекции со супер тенки Amber Mill винири, чекор по чекор на правилно нанесување и боење на истите доведувајќи ги до совршенство.

✅ Винири со минимална подготовка : Учесниците вежбаа техники за прецизна и конзервативна подготовка на забите, со цел да се постигне оптимална адхезија и естетика со минимална инвазивност.

✅ Цирконија коронки : Оваа практична сесија овозможи длабинско разбирање и примена на протоколи за изработка на цирконија коронки, осигурувајќи трајни и естетски решенија.

Обуката им овозможи на учесниците да ги усовршат своите вештини во модерната реставративна стоматологија, со акцент на зачувување на забната структура и постигнување на висококвалитетни естетски резултати од литиум дисиликат и цирконија.

Со практични вежби и директни инструкции од г-дин Петри, учесниците се сега подобро обучени да применат напредни техники во нивната секојдневна пракса.

Дентиција Импорт е секогаш тука за нови знаења, нови искуства и нови производи.

Категории
Архива